Вчера околу 05:20 часот од страна на патрола од полициската станица за граничен премин „Стење“ кај месноста „раскрсница за село Стење“ бил забележан џип „мицибуши“ со бугарски таблички управуван од А.В.(56) од Албанија.
По извршените проверки било констатирано дека тој остварил илегален влез во Република Северна Македонија поради што е приведен во полициската станица за граничен премин „Стење“ за понатамошна постапка.