Хроника 06. декември 2020. / 17:45

Турски државјанин уапсен на „Деве Баир“

Турски државјанин уапсен на „Деве Баир“

На 05.12.2020 во 16:30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Република Северна Македонија, бил лишен од слобода Ј.С.(51) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со турски национални ознаки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ (зелена карта), информира МВР .

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. Известен бил Јавен обвинител.