Хроника 10. октомври 2019. / 11:09

Турски државјанин баран од Интерпол уапсен на ГП Долно Блаце

Турски државјанин баран од Интерпол уапсен на ГП Долно Блаце

Во попладневните часови на 9. октомври, на граничниот премин Долно Блаце при влез во земјава бил уапсен 37-годишен турски државјанин.

Како што информираат од МВР, при извршената гранична контрола било констатирано дека тој е на листата „апси“, по барање на МВР-СМПС-Интерпол.

Турчинот бил предаден во полициската станица Чаир за понатамошна постапка.