Хроника

Туристички автобус гори на обиколницата во Скопје

Туристички автобус гори на обиколницата во Скопје

Туристички автобус на обиколницата во правец Сарај-Визбегово изгоре во пожар,јавува Макфакс. Според очевидците што разговарале со возачот, причината за пожарот е неисправност на моторот.

Во автобусот немало патници, а возачот навреме излегол. Повредени нема. Бидејќи не бил во можност да реагира, возачот повикал противпожарна служба, која пристигнала за 10-ина минути.

Од МВР велат дека пожарот бил пријавен, а во моментот таму се увидна екипа и Противпожарната бригада.

Фото: makfax