Хроника 24. јули 2019. / 11:08

Турци со фалсификувани бугарски документи фатени на Деве Баир

Турци со фалсификувани бугарски документи фатени на Деве Баир

Двајца државјани на Турција биле приведени и предадени во ПС Крива Паланка, откако на ГП „Деве Баир“ биле фатени со лажни бугарски документи.

Ноќеска половина час по полноќ на граничен премин „Деве Баир“, при пасошка контрола и проверка било констатирано дека Ф.К.(30) и Б.К.(32), двајцата од Република Турција, се пријавиле со фалсификувани бугарски документи.

Тие биле приведени и предадени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка, велат од МВР.