Хроника 19. август 2018. / 15:24

Турчин е уапсен бидејќи не дозволил да му се отстрани погрешно паркираното возило

Турчин е уапсен бидејќи не дозволил да му се отстрани погрешно паркираното возило

Во екот на летните одмори, кога голем број гастајбајтери се враќаат во Македонија многу често пред се на социјалните мрежи се споделуваат видеа на кој се гледаат несовесни грѓани со странски таблички како буквално дивеат по улиците.

29 годишен турски државјанин дојден на гости во Македонија сакал да прегази полицаец и да претепа вработен во Пајак службата затоа што сакале да го отстранат неговиот погрешно паркиран Мерцедес.

Настанот се случил синоќа околу 21 часот и 40 минути на улицата Самоилова во Скопје кога Турчинот, со привремен престој во село Велебрдо – Ростуше забележал дека полицаецот и вработениот во Пајак службата сакале да го  подигнат неговото возило. Тој прво почнал да го влече вработениот во Пајак службата, а потоа го стартувал возилото и удрил во полицецот и го повредил.

Исплашен од ситуацијата ,насилникот изглегол од автомобилот и почнал да бега, но полицаецот успеал да го фати и лиши од слобода. Во тој момент, друго непознато лице за кое полицијата се уште нема официјални информации влегло во возилото и побегнало во непознат правец.

Инаку за време на летните одмори многу често на социјалните мрежи може да се забележат и видео материјали од возила со странски таблички како буквално дивеат низ улиците на државата.