Хроника 29. септември 2018. / 02:12

Тројно убиство на Рузвелтова: Изрешетани со Калашников од Џип во движење

Тројно убиство на Рузвелтова: Изрешетани со Калашников од Џип во движење

Хаос во Скопје. Тројно убиство се случи вечерва на улица Рузвелтова.

45 минути по полноќ, во близина на кафулето “Галери” од џип во движење изрешетани три лица. Напаѓачите пукале со Калашников.

Лидер неофицијално дознава дека едно лице починало на лице место, а двајца им подлегнале на повредите на клиника. Дел од порталите пишуваат за двајца загинати, некои пишуваат за еден загинат и двајца повредени но до нас стигна оваа информација од извори во МВР.

Засега нема информации кои се мотивите за убисвото. Дали се работи за убиство со намера или за терористички напад е прашање на кое утре ќе добиеме одговор.

Неофицијално се шпекулира дека еден од загинатите е син на висок функционер во МВР.

Од полицијата сè уште нема официјална информација за убиството.

Во моментов на „Рузвелтова“ има многу полиција. Улицата е затворена за сообраќај, а пристапот до местото на крвавиот настан е затворен.