Хроника 12. септември 2018. / 14:06

Oбвинетите признаа дека ја злоупотребиле малолетната штитеничка од домот „Ранка Милановиќ“

Oбвинетите признаа дека ја злоупотребиле малолетната штитеничка од домот „Ранка Милановиќ“

Тројцата обвинети за трговија со дете за сексуална злоупотреба на 12-годишното девојче, штитеничка од домот Ранка Милановиќ, која остана и бремена, признаа вина.

Минатата недела обвинителството откри дека за 12.000 денари обвинетата Мајмире Дестанова цела вечер го продавала малолетното девојче во кафани во Кавадарци. Во обвинението детално се раскажува хоророт низ кој минало девојчето. Од Кавадарци Дестанова ја однела во куќата на невенчаниот сопруг во Радовиш, второобвинетиот Ерол Јашаров кој во наредните 10 дена сексуално ја злоупотребувал и ја тепал. Го повикале и неговиот внук третообвинетиот Сезар Раимов кој иако знаел дека е жртва на трговија со луѓе и тој се изживувал со неа.

Првообвинетата Дестанова имала по 10-тина пресуди од различни судови низ државата за кражби, измами и разбојништва. А По една до две пресуди имаат и други двајца обивнети.