Хроника 08. октомври 2018. / 10:31

Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Циментара

Тројца тешко повредени во сообраќајка кај Циментара

На крстосницата од булевар „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ синоќа се случи сообраќајна незгода помеѓу „Рено 5“ и „Мазда 323“, во која три лица се тешко повредени.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза.

Извршен е увид на местото на настанот.