Хроника 13. септември 2018. / 11:28

Тројца скопјани добија пријави против поради тргување со оружје

Тројца скопјани добија пријави против поради тргување со оружје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против лицата М.Д.(40), М.Д. (34) и Т.П. (39), сите од Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 став 1 од КЗ на Република Македонија.

Полицијата извршила претрес во домовите на пријавените, и при истиот кај М.Д.(40) бил пронајден и одземен еден полуавтоматски пиштол , рамна со шест куршуми. Во домот на М.Д.(34) биле пронајдени и одземени 18 куршуми со калибар 7,65 и 13 со калибар 9мм. Додека пак во домот на Т.П. (39) бил пронајден и одземен еден полуавтоматски пиштол.
МВР превзема мерки за расветлување на случајот.