Хроника 12. февруари 2020. / 19:27

Тројца скопјани добија кривична пријава за кражби во Тетово

Тројца скопјани добија кривична пријава за кражби во Тетово

Тетовската полиција информира дека се расветлени неколку кражби случени на крајот од 2019 година, а за кои се поднесени соодветни пријави за тројца жители на Скопје.

До Основното јавно обвинителство Тетово поднесена е кривична пријава против М.Х.(48), Д.Т.(42) и Р.Д.(42), тројцата од Скопје, поради основи на сомнение дека првите двајца сториле кривично дело „кражба“, а третиот кривично дело „прикривање“.

Првопријавениот М.Х. се сомничи дека во текот на декември минатата година, искористувајќи го невниманието на вработените, од продавници за технички производи во Тетово одзел: четири лаптоп-компјутери, кафемат и климатизер, додека Д.Т. го чекал надвор во возило со скопски регистарски ознаки, по што двајцата се враќале во Скопје и заедно со Р.Д. ги продавале производите, а парите ги делеле меѓу себе – соопштува портапролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Вкупната противправна корист со која се стекнале пријавените се проценува на близу 170 илјади денари.