Хроника 24. јуни 2020. / 18:45

Тројца во болница по тешка сообраќајка во Кавадарци

Тројца во болница по тешка сообраќајка во Кавадарци

При судар на две  возила попладнево во Кавадарци, три лица се здобиле со повреди.

Повредените се пренесени во кавадаречката Општа болница со проширена дејност, потврдува за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во тек е увид на лице место.

Додевски вели дека засега не може да даде повеќе детали за сообраќајката.