Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело разбојништво, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против тројца охриѓани – Б.Р.(17), Ј.Д.(18) и Д.Ш.(18).
Според МВР, на 27 јануари минатата година, околу 01,30 часот, пријавените, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, пресретнале 13 годишен малолетник, на кого, со примена на физичка сила му одзеле пари.