Во Полициската станица Гостивар, 44-годишниот М.А. од гостиварското село Врапчиште вчера пријавил дека околу 16.00 часот во игротека во селото три малолетни лица од истото село физички го нападнале неговиот малолетен син, информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
По нападот децата избегале.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.