Во одделни кражби, вчера биле украдени осум телевизори и пари од дневниот промет во три обложувачници во Скопје.
Во обложувачница на улицата Шидска едно лице извршило тешка кражба, при што биле одземени осум телевизори, а вчера во спортска обложувачница на булеварот Февруарски поход едно лице со закана со оружје ги одзело парите од дневниот промет.
Од МВР информираат дека вчера било пријавено дека во спортска обложувачница на улицата Благоја Стефковски во Скопје две лица со закана со оружје од вработените одзеле пари од дневниот промет и од сефот.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.