Три лица повредени во сообраќајка во Битола.
Имено вчера во 17 часот и 45 минути на Новачки пат во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Хундаи Сантафе” со бугарски регистарски ознаки управувано од 25- годишниот И.Ќ од Кавадарци и патничко моторно возило “Опел Астра” со битолски регистарски ознаки управувано од 58- годишниот И.П од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.П. додека И.Ќ. и неговата сопатничка 25- годишната Н.Ќ се здобиле со телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.