Хроника 23. декември 2018. / 09:22

Три лица повредени во сообраќајка кај Александар Палас

Три лица повредени во сообраќајка кај Александар Палас

Три лица се здобиле со полесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 17:30 часот.

Од полицијата информираат дека сообраќајката е регистрирана на крстосницата од бул.,,8-ми Септември“ и сервисната улица кон хотел ,,Александар Палас“. Истата се случила меѓу „Опел корса“ и ,,Рено“ со скопски регистарски ознаки.

-А.И. ,Ш.И,. и В.И се здобиле со телесни повреди и се пренесени во Ургентен центар –Скопје, информираат од МВР.

Во сообраќајната несреќа е причинета материјална штета од околу 150.000 денари.