Полицијата повикала на испитување три лица поради пукањето што се случи вчера на улицата Цветан Димов во скопската населба Чаир.
На местото на настанот пронајдени се шест чаури и еден неиспукан куршум, известуваат од Министерството за внатрешни работи.
Пријави за повредени лица, нема.
Поради настанот, вчера улицата Цветан Димов беше блокирана.