Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на селото Зајас.
Според МВР, во несреќата учествувале три автомобили. По несреќата со тешки телесни повреди добило едно лице, додека кај останатите шест лица биле констатирани телесни повреди.
„На 31.12.2020 околу 16.50 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.В.(32) од Кичево, патничко возило „пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(55) од Тетово и патничко возило „голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(52) од Кичево. Во Медицинскиот центар Кичево тешки телесни повреди биле констатирани кај возачот Ј.В., а кај сопатниците од нејзиното возило А.А.(23) и Е.С.(23), двајцата од Кичево, кај возачот Ш.В. и неговите сопатници С.С.(22) и А.С.(32) од Кичево, како и кај возачот Џ.А., биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на незгодата.“.
Тие додаваат дека е спроведена истрага на местото каде што се случила несреќата.