Хроника 18. јуни 2019. / 15:15

Тренерот на КК Гостивар тешко повреден во сообраќајка на автопатот кон Тетово

Тренерот на КК Гостивар тешко повреден во сообраќајка на автопатот кон Тетово

Поранешниот селектор и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски, е тешко повреден во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар-Тетово, со неговото возило излетал од патот и удрил во бандера, пренесе Фокус.

– На 16.06.2019 година во 04.00 часот на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучката Жеровјане, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(44) од Гостивар, излетало од патот и удрило во бандера за улично осветлување. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. -велат од МВР.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за тренерот на КК Гостивар, Србиновски.