Хроника 01. јули 2020. / 11:06

Трактор удри во деветгодишно дете во тетовско Беловиште

Трактор удри во деветгодишно дете во тетовско Беловиште

На 30.06.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на локалниот пат во село Беловиште, тетовско, трактор „ИМТ 539“, со гостиварски регистарски ознаки, со прикачена преса за балирање, управуван од К.Ф.(30) од с.Беловиште, удрил пешак на возраст од девет години од Штип, информира МВР.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, се наведува во соопштението на МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.