Мигрант загинал во железничка несреќа на пругата Велес – Градско.
Според информациите на МВР, утринава во четири часот било пријавено дека на потегот помеѓу железничката пруга Велес – Градско, пред селото Згрополци, локомотива удрила во мигрант, кој здобил тешки телесни повреди.
Мигрантот бил префрлен во Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите.
Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид.