Хроника 30. декември 2020. / 22:32

Трагедија во Ново Лисиче: Маж се самоубил од жал за почината сопруга

Трагедија во Ново Лисиче: Маж се самоубил од жал за почината сопруга

Пред еден час во скопската населба Ново Лисиче се случила трагедија. Како што информира Досие.мк, К. М. се обесил пред еден час, а неговото тело било пронајдено во подрумските простории на зградата во која живее.

Според соседите кои се уште се во шок старецот бил мирен и тивок човек кој имал тежок живот. Пред неколку години му се случила семејна трагедија кога му загинал синот. Отогаш тој и сопругата се грижеле за внуците.

Пред 40 дена починала неговата сопруга. Неофицијално телото го пронашол внукот. Полицијата се уште врши увид на местото.