Хроника 02. јуни 2019. / 16:19

Трагедија: Македонски камионџија загина во Хрватска, се судри со автобус!

Трагедија: Македонски камионџија загина во Хрватска, се судри со автобус!

Македонски државјанин, возач на камион, денеска загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А3 во Хрватска. Во несреќата учествувале камион и автобус со босански регистерски таблички.

Полесно повредени се 10-15 патници, пренесува „Индекс“, додавајќи дека осум лица се пренесени во болницата во Нова Градишка.