Хроника 06. април 2018. / 14:55

Трагедија кај Банско на Велики петок: Камион удри во автомобили, еден загинат на лице место

Трагедија кај Банско на Велики петок: Камион удри во автомобили, еден загинат на лице место

Еден загинат и четворица повредени во страшна сообраќајка која на големиот ден Велики петок се случи во Бугарија, во близина на Банско.

Утрово на  Велики петок на патот Симитли – Банско – Гоце Делчев, се случила сообраќајка кога камион се превртел и удрил возила и минибус, пренесе БГНЕС.

На терен има неколку тимови за итна помош и полиција  која ја спроведува истрагата.