Синоќа на патот Петралинци-Балдовци се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу скутер и автомобил.
Порталот Струмица денес објави дека на скутерот биле две млади момчиња С.К и А.М од село Дрвош (двајцата имале по 15 години) кои го загубија својот живот.
На местото на несреќата излегла екипа од СВР- Струмица кои детално ја истражиле несреќата.
Повеќе детали и информации се најавени за денес.