Нефи Усеини советникот во општина Охрид го нападнал сограѓанинот Спире Топаловски и неговиот син, а за тоа има пријава и во полициска станица. Спире Топаловски за Економски Лидер, ја потврди случката и раскажа како се случила.
Ме нападна Нефи Усеини, квази криминалецот кој го опостуши цел град. Инцидентот настана поради Зоре Темелковски. Јас правам куќа за четири деца, под Зоре Темелковски во Рача. Јас ја направив куќата и тој повеќе пати ме пријавуваше дека нелегално ја правам куќата, дека копам, раскажува Топалоски.
Нефи ми се јави мене и ми вика дојди да се видиме . Јас, одам. И тој вади пиштол на дете, 14-годишно, на син ми му извади пиштол и му мафташе во нозете. Пиштолот му падна. Кога му падна, јас тргнав да го земам. Само што тргнав да го земам, од позади ме нападнаа уште четворица лица, брат му Ибро и уште двајца хомосексуалци, дали од Струга или Охрид, небитно, раскажува Топалоски за Лидер.
Влегов во хотелот, ме тепаа со пиштоли. Јас таму не делував. Можев да земам и пиштол, но не делував. Дојдов во полиција и си пријавив. Разговарав со полицијата и ми рекоа да одам до крај. Не може во сите случки Нефи да е прав. Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден кримиалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Има снимки нека ги погледбат дека ја зборувам вистината“, објаснува Топалоски.