Девојче се здобило со повреди откако вчера околу 18:30 часот било удрено од автомобил.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила на ул.„9 Бригада“ во Кавадарци кога „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче од Кавадарци.
–Девојчето се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, информираат од полицијата.