Хроника 16. ноември 2018. / 14:11

Тинејџер ограбил три џамии во тетовско

Тинејџер ограбил три џамии во тетовско

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 18-годишник од тетовското село Отушиште поради сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.

Како што информираат од МВР, во септември годинава на подрачјето на Тетово пријавениот извршил три тешки кражби во џамии, при што одзел вкупно 8.800 денари.