Хроника 08. ноември 2020. / 15:54

Тинејџер и малолетник краделе автомобили од автоплац во Скопје

Тинејџер и малолетник краделе автомобили од автоплац во Скопје

Двајца тинејџери на возраст од 13 и 18 години се фатени откако украле автомобил од автоплац во Скопје.

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево вчера ги лишиле од слобода Д.А. (18) и 13-годишен малолетник, двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела кражба и обид за одземање на моторно возило.

Кражбата била извршена на автоплац на булевар „Трета македонска бригада“ во Скопје, сопственост на Г.А. (40) од Скопје, информираат од прес службата на МВР.

– Пријавените од автоплацот одзеле клучеви за стартување на пет патнички возила и се обиделе да украдат уште три патнички возила. Одземените предмети се пронајдени кај лицата. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.