Хроника 08. декември 2020. / 13:18

Тетово: Сопственик на ресторан и 14 девојки приведени во полиција

Тетово: Сопственик на ресторан и 14 девојки приведени во полиција

Министерството за внатрешни работи информираше дека од страна на полициски службеници од СВР Тетово, вчера при контрола на угостителски објект на ул.„Браќа Миладинови“ во 22:30 часот, сопственост на 52-годишниот З.А. од Тетово, било констатирано дека објектот работи и во него има повеќе гости, со што не била почитувана одлуката на Владата на Република Македонија за работно време на угостителските објекти.

Исто така, во објектот биле затекнати 14 странски државјанки (седум од Р.Албанија, шест од Р.Србија и една од Р.Косово). Тие биле приведени во полициска станица, поради злоупотреба на туристички престој и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во полициска станица бил приведен и сопственикот З.А. и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 206 од Кривичниот законик. За настанот бил запознаен Јавен обвинител.