Околу 7 часот вчера од тетовската Брза помош пријавено е дека во чуварски објект на фабрика, лоцирана покрај локалниот пат Тетово-Сараќино, пронајден е мртов 53-годишниот Н.С. од тетовско Пршовце.
На неговото безживотно тело не се пронајдени траги на насилство. Извршен е увид со учество на јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, а телото предадено му е на семејството.