Хроника 31. октомври 2018. / 11:46

Тетово: Малолетен возач со автомобил предизвикал несреќа, тројца повредени

Тетово: Малолетен возач со автомобил предизвикал несреќа, тројца повредени

Двајца возачи од кој едниот 16-годишник, и сопатничка биле тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера на пладне се случила на локалниот пат село Џепчиште – село Требош, тетовско.

Сообраќајката се случила во 12 часот кога автомобил „киа карневал“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.М.(45) од селото Џепчиште се судрил со автомобил „голф“ што го управувал 16-годишник од селото Порој. Во сообраќајката со тешки повреди се здобиле малолетниот возач и сопатничката во „голфот“ Ф.Р.(74) од село Порој, како и возачот на „киата“.

Тројцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, а Ф.Р. била префрлена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.