Хроника 08. јануари 2021. / 15:13

Тетовка украла 2.600 евра од фирмата каде што работела

Тетовка украла 2.600 евра од фирмата каде што работела

Денеска (8 јануари) околу 11часот и 30 минути, на улица „ЈНА“ во Тетово, лишена од слобода е 26-годишната тетовка Д.Ј., поради основи на сомнение дека претходно извршила кражба во фирмата во која работела, при што од касата одзела парични средства во вкупен износ од 2600 евра.

Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе и биде изготвен соодветен поднесок. Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата денеска околу 11 часот и 30 минути.