Хроника 25. јуни 2020. / 13:09

Тетовка излегла од автомобил и физички нападнала сограѓанка која се обидела да помине улица

Тетовка излегла од автомобил и физички нападнала сограѓанка која се обидела да помине улица

Во тетовската полиција 41 годишна жена пријавила дека била нападната кога се обидела да помине преку улица од непознато женско лице кое излегло од возило. Настанот се случил вчера на крстосниците на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово.

– Вчера во 15 часот, 41-годишната И.А. од тетовско Горно Седларце во СВР Тетово пријавила дека околу 17 часот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, физички била нападнала од непознато женско лице кое, по куса вербална расправија, излегло од возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки и пред нејзините две малолетни деца се нафрлило на неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.