Хроника 11. јули 2020. / 16:25

Тетовец со нож „се пуштил“ кон деца затоа што му играле пред зграда

Тетовец со нож „се пуштил“ кон деца затоа што му играле пред зграда

Шеесет и едногодишен тетовец се стрчал кон деца држејќи нож во раката.

Случајот во полицијата го пријавил таткото на едно од децата, кој изјавил дека настанот се случил на улицата „Благоја Тоска“, додека неговиот малолетен внук заедно со другарите си играле пред зграда.

С.Е.(61) од Тетово почнал да трча по нив, држејќи во раката нож. Тој бил приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – велат од МВР.