Тетовец повреден во пожар откако тој се проширил во неговиот двор
На 10.03.2019 околу 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-село Гермо настанал пожар, кој се проширил во дворното место на И.С.(37) и ја зафатил шталата и друг објект. Според пријавеното, пожарот го забележал И.З.(68) од Тетово, кој се обидел да го изгасне при што се здобил со повреди.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Извршен бил увид.