Хроника 13. јуни 2020. / 21:45

Тетовец нападнал малолетници кои се тепале со неговите деца

Тетовец нападнал малолетници кои се тепале со неговите деца

Синоќа во 21.10 часот А.Ѓ.(61) од Тетово пријавила дека на ул.,,135‘‘ во Тетово нејзиниот 14-годишен внук, по претходна расправија со други двајца малолетници, бил физички нападнат од едниот од нив, по што и тој му возвратил.

По кратко време дошол таткото на двајцата малолетници, С.А.(34) од Тетово и физички ги нападнал 14-годишникот и неговиот другар.

Како што соопштија од полицијата, по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.