Дваесет и шестгодишна жителка на тетовско село, вчеравечер пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот 28- годишен сопруг И.И, кој подолго време психички и физички ја малтретирал и ја принудувал на сексуални односи со други лица од различни места од полошкото подрачје.
Набрзо по пријавувањето, 28- годишниот сопруг лишен е од слобода и задржан за натамошна постапка.