Тетовската полиција вчера попладне регистрирала физички напад во семејство на улицата „Мирче Ацев“ во градот.
Триесетгодишна жена во СВР Тетово пријавила дека во нивниот дом, по вербална расправија со снаата, двапати физички ја нападнал нејзиниот 29-годишен брат.
Пријавениот е повикан во Полициската станица во Тетово за расчистување и документирање на случајот.