Тетовската полиција евидентира случај пријавен од тетовската болница при што 74-годишник за здобиените повреди ја посочил снаата како сторител.
Тој бил донесен во тетовската Клиничка болница вчера околу 23 часот и 30 минути.
Седумдесет и четиригодишен жител на тетовско село, вчеравечер околу 23 часот и 30 минути бил пренесен во тетовската Кличничка болница за укажување на лекарска помош, откако половина час пред тоа физички бил нападнат и повреден од неговата 27-годишна снаа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.