Синоќа во 21:30 часот во угостителски објект на улица „Штипска“ во Тетово, додека сопственикот, 64-годишниот А.Ќ. од Тетово бил со друштво, во еден момент слушнале звук и до десната нога на 34-годишниот М.З. село Голема Речица, тетовско, забележале зрно од огнено оружје.
Увид на местото извршила екипа од СВР-Тетово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.