Хроника 29. ноември 2018. / 14:59

Тетовчанец ја лишил од слобода и физички ја нападнал поранешната девојка

Тетовчанец ја лишил од слобода и физички ја нападнал поранешната девојка

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.(21) од село Порој, тетовско за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

-На 31.05.2018 година  пријавениот заедно со 20 годишно женско лице од село Копанце, Јегуновце, со која претходно бил во љубовна врска, со возило, сопственоста на истиот, се упатиле од Тетово кон село Ѓермо, кадешто, по претходна вербална распарвија, истиот физички ја нападнал, информираат од МВР.

Потоа, пријавениот се упатил кон Тетово, каде истата ја оставил.