Хроника 19. август 2019. / 18:06

Тетовчанец ги ограбувал соседите, па ги продавал нивните работи

Тетовчанец ги ограбувал соседите, па ги продавал нивните работи

Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривична пријава против Р.А.(32) од село Одри, тетовско, поради постоење основи на сомнение дека извршил пет тешки кражби, една тешка кражба во обид и една кражба.

Р.А. се сомничи дека во мај и јуни оваа година насилно влегувал во куќи во Одри и одземал различни технички производи, апарати за домаќинство и друго, кои подоцна ги продавал на други лица во Тетово и тетовско, кои ќе се товарат за сторено кривично дело „прикривање“.

Најголемиот број од одземените предмети и опрема се пронајдени и вратени им се на сопствениците.