Тешко повредено 12-годишно дете од Скопје, откако во него удрил автомобил вчера на крстосницата од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Скопје.
Во инцидентот, детето – пешак се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.