Хроника 14. јуни 2020. / 14:30

Тешко повредено 10-годишно дете во Гостивар: Го удрил „Мерцедес“ додека возело велосипед

Тешко повредено 10-годишно дете во Гостивар: Го удрил „Мерцедес“ додека возело велосипед

Во полицијата во Гостивар во поладневните часови на 13 јуни било пријавено дека во Гостивар на улицата 101, автомобил „мерцедес“, кој го возел 50-годишен гостиварец, удрил во 10-годишно дете на велосипед.

Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Екипа од Полициската станица Гостивар извршила увид на местото на незгодата.