Хроника 16. јануари 2021. / 13:19

Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

Жена се здобила со повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 15.45 часот се случила на ул.„Јадранска магистрала“.

Од МВР информираат дека во несреќатата учествувале „БМВ“, со скопски регистарски ознаки управувано од С.И.(40) од с.Волково, скопско и „Нисан кашкаи“, со косовски национални, управувано од Ф.К.(32) Косово.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила С.И., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.