Хроника 07. септември 2020. / 11:23

Тешко повредена малолетничка која со мопед се судрила со автомобил

Тешко повредена малолетничка која со мопед се судрила со автомобил

На 07.09.2020 во 03:30 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“, ул.„Христо Татарчев“ и ул.„Кумановска“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Д.(23) од Велес и мопед „априлија“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 17-годишна малолетничка од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.