Шеесетгодишен жител на селото Лопатица вчера претпладне се здобил со тешки телесни повреди додека ги извршувал своите работни задачи во депонијата „Мегленци“, каде е вработен како машинист на багер.
Додека работникот Р.П. се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, таа во еден момент почнала да се движи наназад, па подвижната гасеница му ја потфатила левата нога и го исфрлила зад машината. Негов колега успеал да го извлече подалеку од машината, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија денеска од МВР.