Хроника 13. ноември 2018. / 11:42

Тешко повреден пешак во Автокоманда

Тешко повреден пешак во Автокоманда

Жена од Демир Хисар билa тешко повредена откако во неа удрил автомобил, вчера во скопската населба Автокоманда.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 17.40 часот на булеварот Александар Македонски. Скопјанецот А.Д.(29) управувајќи автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот С.Ц.(43) од Демир Хисар.

По сообраќајката тешко повредената со возило на брза помош бил пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде била задржана на лекување.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.